Од Министерството за правда информираат дека го добиле писмото од Политичката партија БЕСА, во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промената на амандманот од Уставот.

-Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени, ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ќе биде наскоро формирана, а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата БЕСА, се наведува во соопштението од Министерството за правда.