Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 упати сериозни критики кон неговата партија.

Критики беа упатени и кон лидерот на партијата Африм Гаши, но и генерално кон работата на Владата.

„Не сме задоволни од работата на Владата. Не сум задоволен од тоа што ветивме пред да влеземе во оваа коалиција. Ветивме напредок на преговорите со ЕУ – ништо, ветивме конкретни проекти за граѓаните – нема ништо од тоа. Не сум задоволен“, вели Реџепи.

Тој посочи дека се прашува зошто влегле во Владата.

Еве ги симптомите за присуство на наслаги во крвните садови …

„На овој начин нашата партија Алтернатива ќе заврши исто како ДПА и ПДП. Треба да има одговорност. Ако продолжи вака Алтернатива, подобро да ја напушти владината коалиција. Понатаму, тоа што беше договорено со коалицискиот партнер СДСМ, не е исполнето. Многу кадровски решенија не се реализирани, а беа ветени“, додаде Реџепи во „Click Plus“ на ТВ21.