Можниот колапс на најголемата кинеска компанија за развој на недвижности „Еверганд груп“ може негативно да се одрази врз целата светска економија. Веќе неколку дена очите се вперени во Кина откако акциите на оваа компанија паднаа, со што предизвикаа целосен пад на берзата во Хонгконг. Од друга страна, долговите на компанијата според информациите достигнуваат и до 300 милијарди евра. Ризиците кои веќе почнаа да ги најавуваат економистите од светот се дека Кина ќе се соочи со пад на бруто домашниот производ. Можниот пад на кинескиот БДП ќе се почувствува низ целиот свет бидејќи тој е најголемиот мотор за глобалниот раст придонесувајќи со 28 проценти на светскиот БДП, се вели во студијата на ММФ