Каталонскиот гигант Барселона има сериозни финансиски проблеми.

Долговите на тимот од Камп Ноу одамна надминаа една милијарда евра, а овие проблеми на крајот им ја донесоа загубата на иконата на клубот Лионел Меси, кој не можеше да потпише нов договор.

Клубот ја објави својата разделба со него, а Лео вчера се смести во редовите на францускиот ПСЖ, со кого потпиша двегодишен договор.

Дека каталонскиот клуб е во сериозни финансиски проблеми доволно покажува ситуацијата со новите играчи кои дојдоа во клубот ова лето.

Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Емерсон и Ерик Гарсија се уште не се пријавени, иако има уште два дена до почетокот на сезоната.

Причината се, се разбира, финансиските проблеми што ги има клубот. Каталонското радио (РАЦ) ја донесе оваа информација утрово, што сигурно ги вознемири навивачите на овој клуб.

Роналд Куман најверојатно ќе мора да бара други решенија на натпреварот против Реал Сосиедад, кој ќе се одигра в недела, и којзнае кога ќе се реши оваа ситуација со регистрации.

Барселона е четврта во светот од сите спортски клубови во однос на парите што ги одвојува за платите на фудбалерите. На годишно ниво, таа бројка е 230 милиони евра и тоа е нешто што клубот целосно го уништува.

Не е ни чудо што раководството на клубот се обидува да се ослободи од многуте „тешки“ договори што ги има со тимот и ќе видиме дали ќе успее да ги намали трошоците за плата до крајот на сезоната.