Шпанија го започна Европското првенство со реми против Шведска. Во Севилја беше 0:0.
Црвената фурија напаѓаше во текот на целиот натпревар, и имаше огромен посед на топка, но не успеа да го најде патот до голот.
Главниот виновник зошто мрежите мируваа беше Алваро Мората, кој во неколку наврати беше прилично засрамен поради огромни промашувања.
Кога ја напушти играта, ги доби свирежите на шпанската публика, а утрово не беше поштеден од медиумите на Пиринеите, кои го прогласија за најлош играч на мечот.
Иако имаше тежок ден зад себе, вечерва пристигнаа добри вести за Мората затоа што Јувентус го официјализираше неговиот трансфер, поточно тој ја продолжи позајмицата.
✍️ OFFICIAL | @AlvaroMorata extends his stay at Juventus until 2022! ⚪️⚫️#MoreMorata #ForzaJuve
— JuventusFC (@juventusfcen) June 15, 2021
Торинскиот клуб објави дека Мората ќе остане во „својот дом“ до јуни 2022 година, каде постигна 47 погодоци на вкупно 137 натпревари.
Мората првпат играше за Јувентус од 2014 до 2016 година, а неговиот втор мандат започна минатото лето, а по многу добра сезона, Старата дама реши да ја продолжи позајмицата.
Фудбалерот на Мадрид минатата сезона постигна 20 гола и имаше 12 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања, што очигледно му се допадна на Масимилијано Алегри, па го одобри неговиот трансфер.
Покрај Јувентус и Атлетико, 28-годишниот играч има играно и за уште два европски гиганти, Реал Мадрид и Челси.