Потребни се измени на Кривичниот законик за да може да се делува во случаи како што се „Јавна соба“. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Дојче Веле“ изјави дека со глобализацијата се јавуваат и нови видови на кривични дела, кои претходно не можеле да бидат предвидени. Таков е случајот со „Јавна соба“ каде се споделуваа експлицитни фотографии и видеа на девојки, жени, но и малолетни лица.
-Неопходна е меѓународна правна помош и меѓународна соработка. „Јавна соба“ е профил отворен на платформата „Телеграм“, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање ниту, пак, да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи, изјави Јовески.