Министерството за образование ги отфрли тврдењата дека нивната интернет страница и компјутерскиот систем бил пробиен од страна на хакерска група и оти снимките за кои се тврдеше дека се направени од надгледните камери во министерството воопшто не се од нивните простории.
Реакцијта следува откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на министерството за образование и притоа ја презело контролата врз надгледните камери и интернет страницата.