Повеќето бегалци од Украина избегале во Полска, а останатите заминале во Унгарија, Словачка, Молдавија и Романија.
Од почетокот на руската агресија најмалку 1,5 милиони луѓе, а меѓу нив и многу деца, побегнале од војната.
„CNN” објавил потресна снимка од мало дете како ја минува границата во Полска. Очигледно само, детето плаче додека оди, облечено во капут и пластична кеса во раката.
„Детето е многу мало, стои одвоено од другите семејства кои бегаат од војната“, пишува “CNN”.