Јован Костадинов, момчето кое спаси 21 живот од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, е во посета на Бигорскиот манастир.

Во објава на Фејсбук стои дека Јован не е само херој на Кочани, туку е „херој на целата наша држава Македонија”.

-Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце, се наведува во објавата.

Текстот Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир е превземен од МАКФАКС.