ЗОРАН ИВАНОВ

За „По допрен глас“, овојпат „експериментално“, само во една (незграпна) реченица:

Слушам, гледам, тренд е, мода е сите, од мене, од најдолу, па сѐ до оние од најгоре, да зборуваат за корупција, а корупцијата е во институциите, во тие од најгоре, таму се корумпирачите, но таму се и сведоците на корупцијата кои од корупцијата на нивните шефови немаат баш ништо, ама затоа, пак, за тоа „за нив ништо“, тие пак си молчат и ете, и поради тој молк,  корупцијата тлее, се одржува, па дури и како квасец расте и сето поради молкот на чесните за грамзливоста на нечесните и, оттаму, излегува епилогот е дека, точно, факт, автори на корупцијата се корумпирачите, но и дека тие се тоа и поради молкот на чесните!

ПС. Сепак, чесните се само чесни, а корумпирачите не се само корумпирачи туку, просто, тие се само – криминалци.

Цивил Медиа