Делотворноста на ферментите врз кожата била забележана во Јапонија во работилниците за производство на познатот пијалак саке. Постарите работници имале мазни и светли раце без флеки, за разлика од нивните лица на кои се познавале трагите на стареење. По подолго истражување бил откриен изворот на нивната младешка кожа на рацете. Аспергилус оризае (Aspergillus Oryzae), кој се користи во процесот на производство на саке, драматично ги одложува знаците на стареење. Со понатамошни истражувања биле откриени ферментите на Галактомицес (Galactomyces), кои имаат слично дејство. Денес нивниот филтрат познат како ГФФ (GFF – Galactomyces Ferment Filtrate) се користи во многу „антиејџинг“ производи во Кореја и Јапонија. Тоа е всушност еден вид габа која внимателно се ферментира и се филтрира за да се добие вистинската состојка што ѝ користи на кожата.

При користење на производи со филтрат од ферменти на Галактомицес (Galactomyces), значително се намалуваат зголемените пори и појавата на комедони, помага во подобрување на тенот, ревитализација и длабинска нега на уморната кожа. Помага во борбата против брчките и ги намалува знаците на стареење и длабински ја хидрира кожата, со што го враќа нејзиниот природен сјај, има антиоксидантно дејство и ја штити кожата од слободните радикали.

При користење на производи со филтратот од ферменти на Галактомицес (Galactomyces) кожата има повеќекратен бенефит. Тој може значително да ја намали големината на зголемените пори, како и појавата на комедони. Помага во подобрување на тенот, ревитализација и длабинска нега на уморната кожа. Помага во борбата против брчките и ги намалува знаците на стареење и длабински ја хидрира кожата, со што го враќа нејзиниот природен сјај. Има антиоксидантно дејство и ја штити кожата од слободните радикали.

Познатиот корејски бренд за природна козметика „Benton“ нуди линија на производи богати со ферменти. Тоа се производите Benton Fermentation Essence, Benton Fermentation Eye Cream и Benton Fermentation Mask Pack.

Oвие производи покрај филтрат од ферменти на Галактомицес (Galactomyces) содржат фермент на Бифида (Bifida), пептиди, церамиди и натриум хијалуронат, познати по својата моќ да ја спречуваат појавата на брчки.

Фермент на Бифида е пробиотик од кој кожата има голем бенефит. Тој одржува здрав пх-баланс на кожата, го смирува воспалението и иритацијата, ја навлажнува кожата и ја штити од штетното дејство на надворешните загадувачи.

Сх-Олигопептид-1 (Sh-Oligopeptide-1) e уште познат како Епидермален фактор на раст – ЕФР (Epidermal Growth Factor-EGF). Биолошките дејства кои се припишуваат на ЕФР вклучуваат стимулација на делбата на епидермалните клетки. На овој начин заштитниот слој на кожата се зацврстува и се измазнува и кожата изгледа здраво и свежо.

Церамидите, дури со поголема моќ од ретинолот, ниацинамидот и пептидите, имаат антиејџинг дејство и се одговорни за поддршка на структурата и цврстината на кожата.

Натриум хиалуронатот е сол на хијалуронска киселина, чии помали молекули полесно се апсорбираат во кожата и има способност да го одржува потребното количеството на вода во кожата, со што ѝ дава свеж и полн изглед.

„Benton“ е корејски бренд за козметика создаден од доктор ЈангВон Ле (JangWon Lee) и неговиот брат ЧаеВон Ле (ChaeWon Lee) и веќе е многу популарен не само во Кореја туку и во САД и Европа. Филозофијата на брендот се заснова на употреба на природни и делотворни состојки кои не ѝ штетат на околината, состојки кои навистина ја подобруваат состојбата на кожата без да предизвикаат иритација. Иновативните технологии и уникатниот состав на производите, каде што главни компоненти се слузта од полжав, отровот од пчела, прополисот и екстрактот од алое, се тајната на нивните линии за нега на кожата, наменети за различна возраст и различни типови на кожа.

Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, производите на „Benton“ нудат здрава формула без штетни состојќи. Не содржат парабени, силикони, сулфати, минерални масла, ПЕГ, вештачки ароми и бои.

Производите на „Benton“ се ексклузивно достапни во „Olpeo“, првата спрецијализирана продавница за корејска козметика, лоцирана во ГТЦ – Скопје на 1-ви кат (до „Манго“), исто така се достапни за нарачки на  www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)