Во текот на денешното редовно Изборно собрание на Ракометната федерација на Македонија беа споделени и предлози, сугестии..
Една од нив дојде од Агенцијата за млади и спорт, сугестијата на директорот Наумче Мојсовски е што повеќе да има застапеност на жените во Управниот одбор на федерацијата.
– Сугестија од АМС, што повеќе да има застапеност на жените во УО. Нашата цел со следните четири години е жените да бидат рамноправни со мажите во спортот и во ракометот – вели Мојсовски.
Покрај новата поддршка која ја доби Живко Мукаетов како прв човек на македонскиот ракомет, беше составен и Управниот одбор, како и Надзорната комисија на РФМ.
Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Металург и Вардар, Мирјета Бајрамоска е нов член на УО на РФМ.
Мукаетов: Подобро да работиме со младите, свесни дека има простор за напредок