На бразилскиот нисколигаш му дојде поддршка од клубот кој пред четири години исто така доживеа неверојатна трагедија.

Бразилскиот фудбал денска е во тага, откако се сруши авионот во кој беа фудбалери на нисколигашот Палмас, по што загинаа четворица фудбалери, претседателот како и пилотот.

Веднаш на адреса на Палмас започнаа да пристигнуваат поради со поддршка, а меѓу нив е и од тимот кој најдобро ја разбира болката на нисколигашот.

Пред нешто повеќе од четири години се сруши авионот во кој беа фудбалерите на Шапекоенсе и загинаа 19 играчи и тренери на бразилскиот клуб.
„Со голема тага ја примивме веста за падот на авионот во кој животите ги загубија спортистите и претседателот на Палмас. За жал, ние знеме какво е чувството на преголемата болка и ненадоместливата загуба и би сакал ниту една група да не го почувствува истото. Сега кога сепак сте соочени со тоа, ние изразуваме свои чувства на сила и целосна солидарност со семејствата, пријалтелите соиграчите и навивачите.
Нема да поминете сами низ ова. Напред Палмас“, напиша Шапекоенсе.

Во авионската несреќа која се случи денеска загинаа претседателот на клубот Лукас Меира како и играчите Лукас Пракседеш, Гијермо Ноа, Рануле и Маркус Молинари.