Повеќе од десетина научни студии докажаа дека консумирањето помалку од 120 мг цимет на ден може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Чајот од цимет помага кај дури шест различни здравствени проблеми, а сигурно секој од нас го има овој лековит зачин во својата кујна. Циметот содржи антиоксидантни полифеноли, кои ги спречуваат слободните радикали да ги оштетат клетките и да предизвикаат болести какви што се дијабетес, рак и срцеви заболувања. Го намалува нивото на шеќер во крвта, така што дејствува како инсулин. Исто така, го забавува разложувањето на јаглехидратите за да не се зголеми нивото на шеќерот во крвта по оброкот. Истражувањата покажуваат дека циметот го регулира високиот крвен притисок, нивото на триглицериди и го спречува зголемувањето на нивото на лошиот холестерол во крвта. Тоа го прави моќен природен лек за срцето.
Повеќе од десетина научни студии докажаа дека консумирањето помалку од 120 мг цимет на ден може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Искуствата покажуваат дека циметот е одличен додаток во процесот на слабеењето. Тој дејствува така што го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот.
Меѓутоа, важно е да бидете внимателни, бидејќи прекумерното консумирање цимет може да доведе до крвавење и проблеми со црниот дроб.
Циметот има антибактериско и антигабично дејство, бидејќи го содржи соединението наречено цинамалдехид. Ова би значело дека циметот е добар природен лек за стафилококи, салмонела и ешерихија коли. Чајот од цимет ги ублажува болните менструални грчеви и симптомите на ПМС.
Исто така, може да помогне во намалувањето на менструалното крвавење, како и кај мачнините и повраќањето за време на менструацијата.
Чајот од цимет се подготвува така што една лажичка мелен цимет се става во шолја (235 мл) зовриена вода и се меша. Чајот можете да го направите и така што стапче цимет ќе го држите во зовриена вода 10 до 15 минути.