Армијата на Република Северна Македонија забрзано се модернизира, а дел од таа модернизација ја реализираме со сериозна американска поддршка, велат од Министерството за одбрана.
Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како стратешки партнери и сојузници во НАТО изградија исклучително блиски одбранбени односи, кои претставуваат уште еден придонес кон колективната безбедност на Алијансата“. Државниот секретар Драган Николиќ имал средбата со бригадниот генерал Гарик Хармон, командант на Командата за безбедносна поддршка на Армијата на САД, реализирана во рамки на работната посета на САД.
Државниот секретар Николиќ и делегацијата од Министерството и Армијата, ја посетија и компанијата „Oshkosh“, со која е склучен договор за набавка на лесни оклопни возила.























