Македонскиот  народен театар (МНТ)  со претставата „ЛАГАТА“, во режија на Бесфорт Идрзи, оваа година  ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Како што посочуваат  од МНТ,  претставата е работена според текст на  францускиот писател Флоријан Зелер, а улогите ги толкуваат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

-„ЛАГАТА“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00, на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател – Крсте С. Џидров – Џиби, соопштуваат од тимот на МНТ.