Министерството за надворешни работи од својот буџет ќе издвои речиси еден милион евра за наем на возила за претстојниот самит на ОБСЕ што ќе се одржи во декември годинава. Изнајмените автомобили ќе бидат наменети за министерските делегации од земјите членки на Организацијата кои ќе учествуваат на самитот во Скопје, објави „360 степени“.

Прашан дали смета дека оваа сума е претерана за ваква намена во време на криза, Ковачевски не одговори конкретно. Кажа дека самитот на ОБСЕ е најголемиот настан што се организира во државата од нејзиното постоење на кој ќе присуствуваат 70 делегации од држави.

Целата вест на „360 степени“.