Министерството за надворешни работи преку амбасадата на Северна Македонија во Киев, досега мапираше околу 100 наши државјани во Украина.
Според последните информации од Киев, околку десетина од нив, вклучувајќи ги тука и членовите на семејствата на наши дипломати, веќе потврдија дека ја напуштија Украина.
Воедно би сакале да го повториме апелот до нашите државјани доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата, и воедно ги замолуваме оние кои не ги доставиле своите податоци, истото да го сторат на контактите во Амбасадата во Киев (+380442877882 /+380663951190 / [email protected] ) или до МНР (+389 75 273 732/ [email protected]).
Министерството за надворешни работи ќе продолжи одблиску да ги следи состојбите во и околу Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.