Министерството за надворешни работи информира дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.
Како што соопшти МНР, Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.
Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со неговата косовска колешка Доника Гервала-Шварц, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени кон дома, стои во соопштението на МНР.
Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, додаваат од МНР.