Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

-Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим, соопшти МНР.