Поради силните пожари кои денеска се проширија во регионот на Анталија, Република Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи утрешната официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи, стои во соопштението, со жалост ја следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција со подршка за тековната масовна противпожарна акција, што поскоро да успее да ја стави под контрола состојбата.