Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да патува за Белград, но неговата посета е под знак прашалник откако Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го одбија барањето за прелет низ нивниот воздушен простор.