Категорично го осудуваме поредниот чин на насилство од омраза против Бугарин во РС Македонија- појава што за жал е негувана од моменталната општествено политичка атмосфера и антибугарска реторика. Тоа се вели во позицијата на Министерството за Надворешни работи на Бугарија испратена до БГНЕС по повод нападот против македонскиот Бугарин, публицистот Владимир Перев, пренесува Трибуна.

Од Министерството прецизираат дека заедно со бугарската Амбасада во Скопје се во постојан контакт со Владимир Перев, еден од најпочитуваните претставници на бугарската заедница во РС Македонија.

„Од моментот на нападот, нашите дипломати му ја укажуваат неопходната помош. Министерот Георг Георгиев разговараше со него телефонски и подвлече дека Бугарија ќе продолжи да биде негова потпора во овој тежок момент. Категорично го осудуваме поредниот чин на насилство од омраза против Бугарин во РС Македонија, појава што за жал е негувана од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарска реторика“, велат уште од МНР на Бугарија.

„Внимателно ги забележуваме прашањата поставени од г-н Перев во неговата статија во Трибуна и го споделуваме неговото мислење дека случајот е не само повод за размислување во однос на правата на Бугарите во земјата, туку и важен тест за реакцијата на Органите на прогонот и нивниот приод кон криминалните активности од омраза. Очекуваме компетентните Органи во РС Македонија да преземат навремени и ефективни активности за истрага и правна разврска. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, воедно со тоа и почитување на заедничките вредности и гарантирање правата на македонските Бугари “, стои во соопштението на бугарското МНР.