Бугарското Министерство за надворешни работи во својот став најостро ја осуди изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на ЕУ кои ја поддржуваат европската иднина на Албанија.

– Бугарија ја бранеше европската перспектива на Албанија и отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Жолчните коментари, како што се наведува во реакцијата на бугарското МНР, на толку ниско ниво не може да бидат оправдани со карактерот и недостатокот на вештини за европска комуникација.

Во реакцијата исто така се посочува и дека Софија очекува албанскиот премиер да се придржува до јазик соодветен на политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ.