„Бугарија останува отворена за дијалог и соработка со РСМ, но сите средби треба да се спроведуваат со спроведување на условите“, се вели во официјалната позиција на новиот министер за надворешни работи на Р. Бугарија, Светлан Стоев, испратено специјално до агенцијата БГНЕС.
„Од страна на РС Македонија е даден предлог за телефонски разговор, меѓу двајцата министри за надворешни работи и истиот ќе се реализира веднаш штом програмата на министерот Стоев ќе го дозволи тоа“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
„Бугарија секогаш била и останува отворена за дијалог и соработка со РС Македонија. Меѓувладината конференција може да се одржи тогаш кога ќе бидат обезбедени одредени услови за тоа. Таква една средба треба да биде исполнета со содржина. Потсетуваме дека на идната меѓувладина конференција треба да биде прифатен годишниот извештај на работата на заедничката историска комисија. Потсетуваме дека службената Влада нема овластување за промена на рамковната позиција на Бугарија, во однос на стартот на преговори за членство в ЕУ за РС Македонија, бидејќи истата беше прифатена со огромна поддршка од сите политички партии во Парламентот“, се подвлекува во позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи.