МНР на Бугарија го изразува своето длабоко разочарување и категорично ги осудува последните изјави на Премиерот на РСМ Христијан Мицкоски. Тие изјави не само што ја искривуваат реалноста, но и ги рушат напорите за изградба на добрососедски односи и европска интеграција, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

,,Сакаме да подвлечеме дека прашањето за правата на Бугарите во Република Северна Македонија не е билатерален спор помеѓу нашите две држави, а е прашање кои ги засега основните европски вредности и стандарди. Напредок во процесот за европската интеграција на РСМ е возможен само преку целосно спроведување на европскиот консензус договорен и прифатен од Советот на ЕУ во 2022 година, важен дел од кој се измените во Уставот на РСМ. Почитувањето на правата на малцинствата и гаранциите за нивната рамноправност се фундаментални принципи на ЕУ. Во овој контекст РС Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ носи одговорност да го усогласи своето законодавство и практика во согласност со тие принципи. Исто така би сакале да обратиме внимание на фактот дека огромен број граѓани на РС Македонија добиле бугарско државјанство признавајќи го своето бугарско потекло и идентитет. Ги повикуваме властите во РС Македонија да се воздржуваат од реторика која наметнува поделби и омраза. Наместо тоа да се фокусираат врз спроведувањето на критериумите за членство во ЕУ, вклучително почитувањето на правата на сите етнички заедници во земјата. Само преку искрен дијалог и взаемно почитување можеме да постигнеме одржлив развој и просперитет за нашите народи во рамките на обединета Европа .