Годинава Бугарија и РС Македонија нема да го одбележат заедно роденденот на Гоце Делчев на вечното почивалиште на херојот во Скопје. Тоа станува јасно од одговор на бугарското МНР на прашање на приватната национална телевизија Нова, јавува Трибуна.

,,Организирањето на заеднички чествувања на важни настани и личности од заедничката историја на двете земји е обврска што ја има од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка од 2017 година. Кон овој момент Владата во Скопје не покажала желба, подготвеност или покана за заедничко чествување на датумите поврзани со животот и делото на овој толку значаен херој од нашата заедничка историја” велат од МНР на Бугарија.

Од таму додаваат дека годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде одбележана од бугарската Амбасада , Генералниот Конзулат во Битола и локални Бугари кои ќе се поклонат пред неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.