Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Северна Македонија во Грција преку социјалните мрежи благовремено упатија апел до државјаните на Северна Македонија за претпазливост при патување или престој во Грција заради ситуацијата со пожарите, а при евентуална потреба да ги контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Атина (+ 30 694 52 82 251, +30 695 51 91 321, +30 694 47 43 071,+30 210 67 49 585) и Генералниот конзулат во Солун (+30 698 72 00 410) .

-Информираме дека досега ниту еден наш државјанин не барал помош. Во грчкиот остров, Евија се наоѓа еден државјанин на Република Северна Македонија и истиот е далеку од ризичната зона, а другите државјани беа евакуирани од ризичните во безбедни локации, во недела, 8-ми август.  Hашите претставништва во Грција се во континуирана комуникација со надлежните грчки институции и за сите добиени информации навремено ќе виде запознаена нашата јавност, велат од македонското МНР.