На прашањето од модераторот за тоа што треба да значи за Северна Македонија доаѓањето на високи функционери, Известувачот за РСМ во ЕП, Илхан Ќучук во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека според него тоа е многу позитивен знак.
Тој за германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека е една од малкуте политичари кои го разбираат значењето на интеграција.
„Од друга страна вистински работеше за интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија. Се сеќавате какви огромни напори вложи и во однос на Берлинскиот процес и во однос на други иницијативи. Значајно тука е што госпоѓа Фон дер Лајен дојде и ги посети сите држави од регионот, со конкретно ветување кое е поврзано со иднината на Западниот Балкан во Европската Унија“, истакна Ќучук.