Младинскиот репрезентативец на Македонија, Решат Рамадани направи мега трансфер, се разбира за македонски услови. Од Шкендија се пресели во украинскиот гигант Динамо Киев. 19 годишниот дефанзивец со Динамо потпиша петгодишен договор, а во клаузулата се вели дека Шкендија ќе добие 15 проценти од следниот трансфер на Рамадани.

-Цел свет ѝ се воодушевува на Украина за храброста. Знам дека Киев е голем град, знам дека има војна, но гледам огромна храброст во оваа земја. И не ми е страв, дојдов да играм фудбал, да се покажам во најдоброто светло, да бидам шампион со Динамо“, додава младиот фудбалер.

Рамадани во Динамо Киев ќе го носи  бројот 92, а како што вели тоа е во чест на навивачката група на Шкендија која  е формирана во 1992 година.