Прашањето со РС Македонија не е историско, туку е прашање за тоа како историјата се политизира и се користи повеќе од еден век за да се создаде непријателство меѓу луѓе кои имаат заедничка историја, заеднички корени, заеднички родови.
Искористувањето на историјата и нејзиното претворање во политичка алатка е крајно опасно.
Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, пренесува Трибуна.
Политичарите мора да покажат визија, додаде тој, отфрлајќи ги повиците „да ја оставиме историјата на историчарите“. Тој предупреди дека, ако сега кажеме „да ги закопаме овие разлики во минатото и да одиме само напред“, за неколку години тие ќе се вратат со уште поголема тежина.
Младенов повика на насочено дејствување и паралелно напредување на процесите – како расчистување на пропагандните догми од минатото, од историјата и истовремено да се бараат нови можности за економска и културна соработка. Тој за Дарик радио ги опиша овие историски акумулации како многу тешки и истакна дека тие мора систематски да се решаваат и да се надминат со долгорочен пристап.
Поранешниот министер за надворешни работи категорично не ја дели оценката дека Бугарија е мала земја и рече дека познавањето на историјата ќе и овозможи да оди напред. Тој смета дека „бугарскиот народ стои цврсто на земјата и има здрав разум, многу прецизно да пресуди, кога ќе се појават шарлатани“.
„Ние не сме луѓе што сакаме екстремни идеологии и екстремни изјави. Секогаш се трудиме да бидеме во средината и тоа е нашата сила и оваа сила мора да ја задржиме во иднина“, вели Николај Младенов.