Девојката на возраст од 23-години заразена со коронавирус, починала како последица на хематолошката малигна болест. Таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но не се споделуваат детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена. Станува збор за невакцинирана пациентка.
Пациентката е една од четирите починати лица со коронавирус, кои влегоа во денешната статистика со новите 770 заразени лица.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022, стои во денешната статистика.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.