Повеќето од пожарникарите од Австрија кои дојдоа вчера за да го гасат пожарот во Малешевијата се доброволци и не се професионални пожарникари, објави репортерот на „Сител“.
Еден од младите пожарникари во својата изјава рече дека е дојден како волонтер и дека всушност тоа не го работи професионално.
– Јас сум студент по безбедност и социјални мрежи. Овдека помагам затоа што сакам промени. Минатиот месец помагав во поплавите во Белгија, рече студентот.