Двајца мигранти од Еритреја, претепале 32 годишен Македонец во Германија, во градот Есен, објави угледниот весник Билд.

Инцидентот се случил во саботата вечерта околу два часот по полноќ, а според информациите Македонецот бил претепан со шише за пиво, по што им подлегнал на повредите.

Билд пишува дека инцидентот се случил во близина на железничката станица во Есен.  Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица.

Сведок му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина кратко време подоцна од сериозните повреди“, рече портпаролот на полицијата.

Сведокот кој го видел инцидентот добро ги опишал напаѓачите, па полицијата успеала да уапси еден осомничен (25) на железничката станица во Есен, а другиот (29) на железничката станица во Милхајм.