Полицијата го приведе 21-годишниот кумановец И.И поради возење под дејство на алкохол.

Според информациите од МВР, ова се случило по полноќ на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане.

По преземените мерки, било констатирано дека има 1,52 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Против него ќе биде поднесена пријава  за безобѕирно управување со моторно возило.

Текстот Млад кумановец возел со 1,52 промили алкохол во крвта, приведен е е превземен од МАКФАКС.