После потпишувањето на новиот договор на еден од најдобрите ракометари во редовите на Еурофарм Пелистер, по повод истиот се огласи и спортскиот директор на клубот, Димитар Митревски.
Тој вели ова продолжување на соработката со хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ е од големо значење за битолската екипа.
– Во Стипе Мандалиниќ го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него. Продолжувањето на договорот е од големо значење за нас како клуб и тоа првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона.
Задоволни сме што и Стипе се чувствува добро во Битола и верува во нашиот проект кој е на повисоко ниво секоја година – вели спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Митревски.
Да додадеме уште дека денеска беше извлечен распоредот во плеј-офот на екипите од Суперлигата, Еурофарм Пелистер, Бутел, Вардар 1961, Пролет 62, Металург, Еурофарм Пелистер 2, ГРК Охрид и Струга, со одигрување на 14 кола.