Претседателот на здружението „Македонско-Бугарско пријателство“- Скопје Добре Митрев, соопшти дека сите македонски граѓани кои поседуваат бугарско државјанство можат да се вакцинираат во Бугарија.

„Почитувани,

Македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19, тоа можат да го сторат преку  COVID-19 Регистрация за ваксинация : НЗИС (https://his.bg) каде што можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање. Потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија“, стои во соопштението на Добре Митрев од МБП.