Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги лаже помалите партии. Како што вели тој, предлог законот со кој се предвидува една изборна единица е отворен одамна, а токму опозициската партија го блокирала.
-Предлогот за една изборна единица знаете дека е предлог уште од 2016 година и лицемерството и лажењето од ВМРО-ДПМНЕ што сите го знаат, граѓаните знаат, дека тогаш тој предлог беше блокиран со илјадници амандмани, а тоа беше пред изборите во 2020 година, некаде во февруари, кога ВМРО-ДПМНЕ предлогот за една изборна единица отворен и пуштен во процедура, за кој исто така требаше да се разговара, го блокира со илјадници амандмани за да не дојде воопшто до разговор на таа тема“, рече Митрески.
ВМРО-ДПМНЕ на средби со ДС на Павле Трајанов и Љупчо Балковски од ВМРО-Народна