Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески ја обвини пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието блокираат важни закони.
-Наместо конструктивност, дебата и идеи, се што јавноста гледа со месеци од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се блокади, деструкции и злоупотреба на собраниската говорница за да шират лажни вести.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокираат важни законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието е против нов Клинички центар, против нов еколошки јавен превоз во Скопје, против зголемена енергетска ефикасност на јавни објекти, болници, училишта и градинки, против поддршка за земјоделците.
Ваквото однесување на една политичка партија ниту е чесно, ниту е одговорно, но сигурно е на штета на граѓаните и државата.
Дали мотивите за ваквиот однос е тоа што одредени пратеници не се задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е нивна работа, но граѓаните ги препознаваат и ценат таквите деструктивни постапки, вели Митрески.