Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, пред почетокот на пленатната седница во Собранието на која се очекува да се дискутира за прелдог-буџетот за 2022 вели дека досега се прифатени амандмани на опозицијата кои значат прераспределба на 350 милиони денари.
– Она што е специфика е тоа што во овој буџет беа прифатени амандмани во висина од 350 милиони денари, што е историско највисоко ниво, неспоредено со претходните години. Овој износ на прифатени амандмани е колку сите заедно во последните 15 години. Да не зборувам кога ние бевме опозиција и се прифаќаа измени од само 2,3 или 5 милиони денари, рече Митрески.
Тој додаде дека во минатите години имало случаи кога на комисиските расправи имало и до илјада амандмани за предлог-буџетот, а оваа година се најмали и бројката изнесува 220, од кои 197 на опозицијата.