Одговарајќи на новинарско прашање во Собранието, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески порача дека предвремени парламентарни избори нема да има. Ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се согласуваат со Мицкоски, да се одважат и да ја прекинат блокадата на Собранието, за како што вели, во интерес на граѓаните.
Предвремени парламентарни избори нема да има, парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Јас уште еднаш ги повикувам сите пратеници од опозицијата којшто не се согласуваат со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ја прекинат оваа работа што ја прават во Собранието овие два дена затоа што на крајот сето тоа што го прават е на штета на граѓаните , на штета на државата и на интересот на граѓаните.
Јас не можам да зборам за епилог само можам да кажам и кажав дека ќе направиме се што е во наша можност, се што предвидува деловникот Собранието да не биде блокирано.