Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека владејачката коалиција има мнозинство во овој момент од 61 пратеник.

Тој изјави дека утре премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев утре ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и со други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

Митрески нагласи дека очекува да се спомнат и имињата на други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка за владејачкото мнозинство.