Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека не е точно дека СДСМ е против воведување на отпечаток од прст како начин на гласање за претстојните локални избори. Како што вели тој, изјавата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ не е точна и дека тоа е само алиби за поразот што следува.
Една работа сакам да кажам и да биде јасно, СДСМ е за фингерпринт, значи не е против како што кажа Јанушев. Но, секогаш кога станува збор за измени на Изборниот законик, како што беше предлогот за една изборна единица, и тогаш кажавме дека сме за една изборна единица, но кога станува збор за измени на Изборниот законик, тогаш мора да обезбедиме консензус како политички чинители, значи сите политички чинители треаб да се согласат за измени во ИЗ. Уште еднаш ние сме за фингер принт. Оние дилеми кои се јавуваат кај други политички чинители се поврзани со тоа што може или треба да се направат измени да се префрлат податоците од МВР и поставува дилемата што ако во текот на гласањето се случи дефект, паѓање на мрежа или слично, треба да биде прекинато гласањето или треба да има други начини да продолжи гласањето, изјави Митрески.