Народната банка очекува просечните цени вградени во потрошувачката кошничка да растат просечно за околу 2%, наместо очекуваните 1,5%, вели во разговор за емисијата Економски Магазин на Алсат, вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска. Како што додаде таа, ваквите трендови не се бележат само кај нас, туку веќе се регистрирани и во ЕУ. Митреска изјави дека годинава се очекува двоцифрен раст на цените на нафтата.

Advertisements

„Поради помала понуда, но и закрепнување на азиските економии, цените на нафтата се очекува оваа година да бележат двоцифрени стапки на раст. Ако ја погледнете нашата инфлација во првите месеци од оваа година, тоа што го движи забрзувањето се цените на енергентите“, рече Митреска.

Прикажи повеќе