Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев ги повика граѓаните на општината да се вакцинираат. Во Кавадарци денеска пристигнаа 5100 дози кинески вакцини.
Вакцинацијата ќе се одвива во спортската сала „Јасмин“, а ќе можат да се вакцинираат и граѓани од околните општини Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово и Гевгелија.
Директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги повикаа граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk за да добијат термин за вакцинирање.