Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки,вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ, вели таа.

Инаку, вчера Мицкоски обвини дека СДСМ и ДУИ вршеле притисок преку свои луѓе врз пратеници од Собранието да не бараат, односно гласаат за распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.