ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
На прес конференцијата, таа понатаму изјави:
Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе овозможиме реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата.
Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата.
Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани.
За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи.
И за првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува.
Почитувани граѓани, ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина.
Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата – Македонија повторно твоја.
Промените почнуваат, следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата.