Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Лери Ненс јуниор, страда од мистериозна болест.
Според американските медиуми, кошаркарот на Кавс изгубил околу 10 килограми во претходните 10 дена.
Почна да се чувствува лошо на 29 март пред мечот со Јута Џез, па пропушти тренинг, и самата игра. Потоа пропушти три натпревари на гости.
Тестирал негативно на коронавирус, но лекарите сè уште не можеле да откријат која болест го мачи и зошто одеднаш изгубил тежина.
Беше на инфузија нон стоп, имаше гадење, повраќаше и само по 10 дена неговата состојба малку се подобри.
Не е познато кога ќе се врати на паркетот, а оваа сезона има просек од 10,1 поен и 7,1 скок по натпревар.