Потпретседателот на НСДП – Горан Мисовски е единствен кандидат за претседател на партијата.
Ова е одлуката на Извршниот одбор на партијата на 26-тата седница одржана на 11. мај 2022 година врз основа на евидентираните предлози за претседател на НСДП од општинските организации, а согласно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за Петтиот Конгрес на НСДП.
На Конгресот биле предложени кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на партијата.
„На Централниот одбор на партијата кој ќе се одржи на 14. овој месец му се предлага да донесе Одлука за утврдување на единствен кандидат за претседател на НСДП – Горан Мисовски“ стои во соопштението на владејачката партија.
Предлог-одлуката била усвоена со мнозинство гласови, со 10 гласа „ЗА“ од вкупно 17 члена на Извршниот одбор.