Речиси 9.000 луѓе во Германија ќе треба повторно да примат вакцина против коронавирус, откако се откри дека добиле физиолшки раствор наместо вистинската вакцина, пишува businessinsider.

Advertisements

„Станува збор за вкупно 8.557 луѓе кои можеби не се целосно или се само делумно заштитени со вакцинација, иако мислеа поинаку“, рече доцна синоќа гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози.

Локалните власти ги повикаа граѓаните вакцинирани во тој период да се јават за да ја добијат вистинската доза од вакцината, а беше отворена итна телефонска линија.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, постои основано сомнение дека физиолошкиот раствор  го применила медицинска сестра вработена во локалниот центар за вакцинација.

Потоа беше утврдено дека го примале главно луѓе постари од 70 години, кои дошле по нивната доза во периодот помеѓу 5 март и 21 април.

„Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина, бидејќи зборуваме за период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата“, велат од локалниот Кризен штаб.

Скандалозниот случај беше откриен на крајот на април, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор.

Во истрагата за овој случај се приклучи и специјален комесар за политички мотивирани злосторства, бидејќи осомничената медицинска сестра сподели критички ставови за вакцинацијата на социјалните мрежи.